Наместо големи „Бадникови поворки” поради пандемијата, годинава од прилепската црква „Свети Килил и Методиј” организираат голема хуманитарна акција насловена како „Црвен тепих на хуманоста”. Од денеска до 5 јануари е отворена хуманитарната акција пред параклисот „Свети Никола”, во центарот на Прилеп каде е Божикната пештера. Секој може да донира нерасиплива храна пред Божикната пештера за најранливите категории. Можноста за донирање е секој ден од 9 до 15 часот.

– И оваа година поради ковид-пандемијата, на наша голема жалост, ќе изостанат нашите добро познати „Бадникови поворки”, но оваа манифестација, ќе се организира преку хуманитарен настан во кој Ве повикуваме сите вас масовно да земете учество! Сите сте повикани да дадете свој придонес и барем малку да допреме до најранливите категории во овие светли денови од големиот празник на Христовото Рождество, да им донесат радост и утеха од времето што им натежнало, соопштуваат организаторите од пилепската црква „Свети Кирил и Методиј”.

На Бадник, на 6 јануари во 10 часот, детскиот хор при храмот „Св.Кирил и Методиј”, симболично ќе ја спороведат пештерката од параклисот на „Свети Никола” до камената бина на плоштадот “Александрија”, каде Хорот ќе се претстави со Божикни песни. Притоа, прилепскиот градоначалник традиционално ќе ги дарува бадникарите со божикни подароци.