Во струмичката болница се лекуваат 20 пациенти, од кои осум примаат терапија во дневната болница, 12 се на болничко лекување, а од нив седум се на кислородна поддршка.

Според директорката Катерина Кузмановска, бројот на пациентите заболени од коронавирусот е константен и тие се лекуваат на Инфективното одделение.

-Во споредба со порано намален е и бројот на прегледите и дневно прегледуваме меѓу 8 и 12 пациенти. Во овој период имаме зголемен број прегледи на Детското одделение, каде повеќе деца, но и нивните најблиски, се жалат на настинка, но на тестовите за Ковид-19 се негативни. Се надевам дека трендот на незголемување на бројот на пациенти ќе продолжи. Доколку бројот се зголемува, ние сме подготвени да ги прифатиме сите пациенти и да им ја пружаме неопходната помош, изјави д-р Кузмановска.

Засега на располагање е и модуларната болница, која е празна и во неа можат да се сместат 38 лица.

Кузмановска апелира на одговорно однесување на граѓаните, посебно во периодот на празниците и да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД.