Поволната хидролошка состојба проследена со врнежи од дожд и снег последниве триесетина дена, придонесоа нивото на Осломејско езеро да порасне за еден метар и да дојде до максималната кота пред излевање.

Зголеменото ниво на езерото може и визуелно да се забележи ако се земепредвид водостојот на езерото во месеците септември и октомври, потврди претседателот на риболовното друштво" Хантер Фиш", Бесмир Елези.

– За разлика од претходните неколку години кога имавме неповолна хидролошка состојба, годинава интензивните врнежи од дожд во ноември и снежните врнежи во декември, придонесоа нивото на Осломејско езеро да порасне за еден метар и после подолг период да ја достигне максималната кота – рече Елези и посочи дека зголемениот водостој нема позначајно да се одрази врз рибниот фонд во езерото.-. Зголемениот водостој нема позначајно да се одрази врз рибниот фонд во езерото, бидејќи во текот на зимата рибата се спушта на дното на езерото а тоа значи дека порастот на водата нема да биде решавачки фактор за рибниот фонд во оваа акумулација-посочи Елези и нагласи дека поради добрата штедрост на езерските подземни извори како и површинските води, езерото почна да се прелева во река Темница.

– Поради големиот прилив на површински води како и богатата штедрост на подземните извори на Осломејско езеро, доаѓа до прелевање на површинските води од езерото во река Темница и ако и понатаму имаме врнежи од дожд и снег и зголемување на езерското ниво, тоа ќе предизвика поголемо количество на вода од езерото да се излева во реката и тоа ќе се случува се до моментот додека приливот на вода е поголем од самиот одлив-додава претседателот и посочи дека кон крајот на минатата календарска година беше извршено и последното порибување на Осломејско езеро со крупни примероци од крап со вкупна тежина од 300 килограми.