Празникот свети Наум Охридски Чудотворец беше прославен во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.
Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф, богослужеше света литургија со свештеници од Тетовско-гостиварската епархија.По литургијата беа благословени и прережани кумските лебови.
–Денеска сме тука во манастирот на Попова Шапка посветен на св.Наум Охридски да го прославуваме Чудотворецот. Го прославуваме оној кој многу добро го разбрал Евангелието. Оној кој својот овоземен пат го изодил според тоа Евангелие, спечалувајќи вечен и блажен живот. Токму Божјите угодници се наши огледала, наши примери и патеводители во нашиот живот. Ни покажуваат како и ние да го одиме нашиот пат. Пат исполнет со вера, со покајание и со исповедание. Само така ќе можеме да ги надминеме сите препреки што нè снаоѓаат во нашиот живот, порача во своето слово-проповед митрополитот г.Јосиф пред присутните верници.
По литургијата беа благословени и прережани кумските лебови.