Русија ќе се соочи со огромни последици поради воената ескалација во источна Украина, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жосеп Борел.

Борел денеска пристигна во Украина за да изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

„Конфликтот на границите е на работ на продлабочување, а тензиите се акумулираат во однос на европската безбедност како целина“, рече високиот претставник на ЕУ.

Тој додаде дека ЕУ има цврст став и силна верба дека „секоја воена агресија против Украина ќе има огромни последици и големи трошоци“.

Борел и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба планираат да ја посетат линијата на одвојување во регионот на Луганск со цел да ја видат ситуацијата во таа зона.