Бројот на заболени од коронавирус во болниците во Британија е најголем од февруари минатата година, според најновите податоци, во екот на се поголемиот притисок врз здравствените услуги.
Вкупно 17.276 луѓе се во британските болници поради Ковид-19, покажуваат владините бројки, што претставува зголемување од 58 отсто од недела во недела и највисоко од 19 февруари.
Премиерот Борис Џонсон вели дека земјата бележи најбрз раст на бројот на случаи бидејќи повеќе од 20 болнички фондови прогласија критично ниво.
За време на вториот бран на коронавирус, бројот на пациенти во болниците го достигна врвот на 18 јануари 2021 година со 39.254 пациенти .
Поради Ковид-19 во болница на 28 декември се примени 2258 пациенти, што с епоследни достапни податоци за вела Британија, 83 отство повеќе од недела во недела.