Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, донираше книги со брајово писмо во НУ Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Донацијата jа презеде директорот на библиотеката Бојан Стефановски, а содржи повеќе примероци на книгите „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Песни од Миладинов“, Автобиографија на Григор Прличев и „Малиот Принц“ од Антоан де Сент Егзипери, сите изработени со брајово писмо.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола денес најавија организирање на Божикен концерт кој ќе се одржи в недела во свечената сала на Офицерскиот дом во тој град.