На Бадник, наспроти големиот верски празник Божик, византискиот хор формиран пред неполна година во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, денеска прв пат на градскиот плоштад во близина на Божиќната пештера, одржа концерт во кој репертоар беа застапени бадникарски песни-каланди.
На концертот беа присутни голем број граѓани од сите генерации, презадоволни од изведбата на византискиот хор и од неговиот репертоар што прв пат воопшто се случува во земјава.
-Беше задоволство да се работи ако се има во предвид денот на Христовото раѓање,сакавме да го доловиме тој момент и тој празник треба секодјневно да го живееме,така понесени од таа радост успеавме да го организираме брзо и денес успешно го изведовме овој концерт, рече раководителот на византискиот хор Димитар Угриноски и додаде дека биле изведени четири каланди од традиционалната „Вечниот Бог“, „Христос се раѓа“,„Три цареви од Персија“ и „Сношти Христос ни се роди“.
Според него, преку текстовите што ги прочита водителот се долови теолошката смисла.
-Овие каланди се пееле надвор од храмовите за да се долови моментот на самиот празник.Со благослов на епископот Антаниски г-дин Партениј можам слободно да кажам дека каландите воскреснаа,почна да се враќа во она во што не сме биле изоставени а тоа е Румејската култура, додаде Угриноски.