Во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска на 156 социјално загрозени семејства во Општина Гевгелија им беа доделени пакети со прехранбени производи собрани во хуманитарната акција „Подари радост за рождество“ што од 15 декември ја организираше Гевгелиското архиерејско намесништво.

По повод новогодишните и божикните празници прехранбени продукти и средства за лична хигиена донираа поединци, општествено одговорни компании и самото Архиерејско намесништво, а подготвените пакети на социјално загрозените наши сограѓани им беа доделени денеска во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија.

-ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ОВАА ГОДИНА НЕМАШЕ БАДНИКОВА ПОВОРКА, НО ЗАТОА СЕ ПОТРУДИВМЕ НА СЕКОЕ ДЕТЕ ЗА БОЖИК ДА МУ ДАДЕМЕ ПАКЕТЧЕ КАКО БОЖИКЕН ПОДАРОК, РЕЧЕ ОТЕЦ РУСЕ ЖЕКОСКИ.