Општина Штип и бизнис секторот денеска поделија 200 пакети на социјално ранливите семејства. Оваа хуманитарна акција е под мотото „Сите заедно за безгижни Божиќни празници“, а целта е да се внесе топлина и радост во сечиј дом.
Шефот на Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова вели дека станува збор за проект кој е на иницијатива на локалната самоуправа и општествено одговорните компании кои донираа финансиски средства.
-Со обезбедените пари, купивме производи и направивме 200 пакети со продукти за Бадникова вечера. Оваа година за првпат се реализира овој проект, а се надеваме дека наредната година веќе ќе стане и традиција, со цел нашите сограѓани, кои се од социјален ризик полесно ги поминуваат Божиќните празници,рече Шорова-Ангелова.
Во пакетите има колач, зелник, погача со паричка, суво и свежо овошје, како и останати продукти потребни за посната Бадникова вечер.