Украински суд го замрзна имотот на поранешниот претседател Петро Порошенко како дел од официјалната истрага за велепредавство, соопшти денеска Државното обвинителство.
„Судот одлучи да му го конфискува имотот на осомничениот, кој му припаѓа според правото на сопственост“, се вели во соопштението на обвинителството.
Украинските власти го обвинуваат Порошенко за финансирање сепаратистички сили на истокот на земјата, но поранешниот шеф на државата ги отфрла тие обвинувања.
Порошенко, еден од најбогатите Украинци ја напушти државата кон крајот на декември, но најави дека планира да се врати на 17 јануари.