Без вода за пиење утрово останаа дел од населба „Голи оток” и улиците „Брушанска” и „Дисанска” во Кавадарци. Од Јавното кавадаречко претпријатие „Комуналец”, информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на главна водоводна линија.
Појаснуваат дека проблемот со водата за пиење се однесува на делови од висока зона на Брушанско маало.
Од „Комуналец” информираат дека прекинот на водоснабдувањето во овие делови на Кавадарци ќе биде до 15 часот.