Францускиот претседател Емануел Макрон во Париз ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и група еврокомесари, со кои денеска ќе разговара за приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската унија.
За време на своето шестмесечно ротирачко претседавање до крајот на јуни, Париз планира да се фокусира на климатските промени, како и на постигнување договор за минимална плата во Европската унија.
Посетата на претставниците на ЕК започна во официјалната резиденција на францускиот претседател.