По повод празникот на православната црква св. архиѓакон и првомаченик Стефан, кој е на трет ден Божик, утрово архијерејска божествена литургија се одржа во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци, на која чиноначалствуваше митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од гевгелиското намесништво на Повардарската епархија.

Во среда, 12 јануари, на денот на св. Гаврил Велички, во параклисот „Св. Гаврил Велички“ во комплексот при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во 8.15 часот ќе се одржи света Златоустова литургија на која ќе чиноначалствува владиката г. Агатангел.

Истиот ден во 9 часот во црквата „ Св. Кирил и Методиј“ во Велес ќе се одржи света Златоустова литургија.

На 14 јануари по повод празникот Обрезание Господово,св. Василиј Велики или Стара Нова година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес во 8.45 часот ќе се одржи света Василиева литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот г. Агатангел. Истиот ден во 8.30 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес ќе се одржи света Василиева литургија. ад/хс/