Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека случајот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е работа на судот и оти нема да коментира дали Владата ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ по вторпат доколку ја добие жалбата.

– Тоа во моментов е прашање на судот, изјави Морисон на прес-конференција.

Тој го повтори тврдењето дека на организаторите на Австралија опен во ноември им биле дадени јасни инструкции за влез во земјата