Вечерва сум на терен со дел од кризниот штаб кој ќе биде мобилен и активен во текот на целата ноќ. Ги посетивме Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде доминираат висококатници и има поголеми штети, истакна градоначалникот на Битола при вчерашната посета на службите надлежни за реакција по серијата земјотреси.
-Исто така Би сакал да ги известам граѓаните дека на утрешната седница на Совет ќе биде предложена дополнителна точка на дневен ред за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот, додаде Коњановски