Францускиот политичар Стефан Клеро, кој е член на владејачката партија „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска изјави дека во текот на викендот бил нападнат од демонстранти кои протестирале против воведувањето на ковид-пропусници.

– Очигледно ќе поведам судска постапка. Некои луѓе мислат дека не се носат правилни одлуки. Сите добиваме смртни закани по пошта и тоа мора да престане во одреден момент, изјави Клеро.

Француската министерка за надворешни работи Аник Жирарден го осуди нападот врз Клеро, објавувајќи слика од инцидентот на Твитер, на која се гледа како демонстрантите фрлаат кал врз Клеро додека тој стои пред неговата куќа.