Состојбата во двете ковид болници во Тирана е стабилна, иако последните денови од месецов се забележува рекорден број на новозаразени.

-Инфекциите на национално ниво се значително зголемени во последните 3 дена, просечно по 1.500 случаи дневно, но во болниците не се рефлектира директно во хоспитализацијата. Во болниците се забележува благ пораст, од 18 до 20 хоспитализации дневно, додека пред 4-5 дена на болничко лекување беа примени по 15-16 ковид паценти, пренесува агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор од 4 јануари, кога и почна наглиот раст на новозаразени, бројката на новозаразени се движи од 1.300 до над 1.800, но бројката се верува дека е повисока, поради фактот што добар дел прават брзи тестови во домашни услови.

-Загриженост според лекарите во последните денови е итно пристигнување во инфективната клиника на три трудници, заразени со Ковид-19 во комплицирани форми на болеста. Моментно 125 лца се на болнички третман од нив дваесеттина во критична состојба. Активни на болеста се 13.340 лица, наведува агенцијата.

Истиот извор додава дека Ковид-19 го „запоседнал” фудбалскиот клуб од Кукс, каде позитивни на вирусот се 7 фудбалери и тројца членови на раководството.