Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска го потпиша Договорот за грант со Министерството за финансии за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Сопот.
Како што информираат од општината, грантот во висина од 12.420 842 денари е доделен од Меѓународната банка за обнова и развој во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги.
Воедно дел од средствата на грантот што го доби Општина Велес ќе бидат наменети за набавка на возило за потребите на ЈКП „Дервен“ за одржување на водоводите во руралните средини во општината.