Авион на руската авиокомпанија „Ред Вингс“ излетал од пистата при слетувањето на аеродромот во Белгород.

Како што пренесуваат странските агенции, Сухој Суперџет 100, на летот WZ 387 од Москва (Домодедово) до Белгород излетал од пистата и застанал на стотина метри од неговото завршување.

Во инцидентот, кој се случи непосредно пред 11 часот по локално време (девет по средноевропско време), нема повредени, а авионот претрпел помала штета.