Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, е хоспитализиран во Италија поради лошата состојба на имунолошкиот систем, соопшти денеска неговиот портпарол Роберто Куиљо. Тој во соопштението наведе дека Сасоли се наоѓа в болница од 26 декември минатата година и дека поради тоа откажани се сите негови активности.
– Хоспитализацијата беше неопходна поради сериозни компликации по дисфункција на имунолошкиот систем, се вели во соопштението.
Сасоли (65) во септември минатата година имаше тешка форма на пневмонија и уште тогаш беше хоспитализиран. Тој се врати во Италија да се опорави, но неговата состојба повторно се влоши.