Маските од типот ФФП2, главно користени во медицината, штитат подобро од огромното мнозинство хируршки маски што моментално ги користи населението за да се избегне пренесување на коронавирусот, па од тие причини француската Влада побара мислење од Високиот совет за јавно здравје овој тип маски да евентуално да ги користи целото население, но тие дадоа неповолно мислење, јави дописникот на МИА.

Француските здравствени власти не се за генерализирање на носењето на маската ФФП2, иако таа штити повеќе од ширењето на коронавирусот, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

-Мислењето на Високиот совет за јавно здравје, нема да оди кон проширување на обврската за носење на ФФП2, изјави министерот за време на сослушувањето пред Сенатот.

ФФП2, главно користени во медицината, штитат повеќе од огромното мнозинство хируршки маски што моментално ги користи населението за да се избегне пренесување на коронавирусот. Затоа, одредени политичари или истражувачи решија да ја генерализираат нивната употреба на целото население, соочени со порастот на варијантата омикрон, која е многу позаразна од претходните варијанти на вирусот. Ова е веќе случај во некои земји, како Австрија, каде ФФП2 стана задолжителен минатата недела.

Но, ниту една научна студија досега не покажа дека генерализацијата на овие маски има позитивно влијание на ниво на популацијата наспроти Ковид-19.

Затоа, француската Влада побара од Високиот здравствен совет, едно од телата кои ја советуваат за здравствената политика, мислење за генерализацијата на овој тип маски. Сепак, ова мислење, кое веќе е испратено до владата, не е поволно за проширување на нејзиното користење надвор од медицинскиот персонал, наведува министерот Веран.

-Нејзиното носење ќе им се препорача само на оние ои денес се сметаат за изложени на ризик затоа што се изложени на капки плунка кои го носат вирусот, објасни Веран. Коронавирусот се пренесува главно преку овие капки плунка кои можат да се шират доста далеку во воздухот во затворена средина.

Веран прецизираше дека владата сепак ќе „дискутира на оваа тема“, но извршната власт генерално се придржува до официјалните мислења на здравствените власти од почетокот на кризата со Ковид.