Во ски-центарот Пампорово, во јужниот дел на Бугарија, уапсен е маж кој издавал лажни ковид-потврди за постоење на антитела, наплатувајќи ги 150 евра по парче.

За оваа сума тој ги внесувал податоците за „пациентот” во информацискиот систем на бугарското Министерство за здравство.

Уапсениот бил вработен во медицинската лабораторија во ски-центарот, но не е лекар, соопшти обвинителството.

Станува збор за кривично дело нарушување на критичната инфраструктура на државата, а казната би можела да изнесува затвор од пет до осум години и парична казна од над 5.000 евра.