Во Франција во последните 24 часа со коронавирусот се заразени 93.896 лица, соопшти Институтот за јавно здравје, додавајќи дека починале 281 лице.
Во изминатите 24 часа се хоспитализирани 767 заболени од Ковид-19, а 57 се на одделенијата за интензивна нега. Во болниците во Франција моментално има 22.749 пациенти. Од почетокот на епидемијата во таа земја досега од коронавирусот починале 98.579 лица, додаваат медиумите, наведувајќи дека тоа се однесува само на бројот на починати во болниците.