Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази сочувство за смртта на претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

„Почивај во мир, драг Давид“, напиша таа на италијански на својот Твитер профил.

Урсула фон дер Лајен наведе дека е тажна поради тешката загуба на „големиот Европеец и горд Италијанец“.

„Дејвид Сасоли беше сочувствителен новинар, извонреден претседател на Европскиот парламент и, на прво место, драг пријател“.

Од раните утрински часови највисоките претставници на ЕУ и членовите на Европскиот парламент, меѓу кои и потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, преку пораки на Твитер се збогуваат со Сасоли.