Српскиот патријарх Порфириjе е позитивен на коронавирусот и наредните денови ќе ги помине на домашно лекување, соопшти денеска Службата за информирање на СПЦ.
Според соопштението, тој има благи симптоми на вирусна инфекција, препишана е соодветна терапија и ги почитува сите епидемиолошки мерки.
„Тој е во постојан контакт со своите соработници преку електронски комуникации и целосно непречено ги извршува административните работи“, се вели во соопштението.