Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.163 новозаразени лица со Ковид-19, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата пред 22 месеци, а се должи на сојот Омикрон.
– Омикрон е поинаков вирус, па ќе се заразат и голем број вакцинирани лица, но вакцинацијата штити од потешки облици на болеста и од хоспитализација, изјави словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
Тој упати апел до граѓаните да се вакцинираат за да не се преоптоварат болниците.
Околу 85 проценти од пациентите на интензивна нега се не вакцинирани, а најмладиот пациент има само 18 години.