Над половината од луѓето во Европа би можеле да бидат заразени со новиот сој на коронавирусот – Омикрон, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација.
„Со ова темпо, Институтот за здравствени индикатори и проценки предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со Омикрон за 6-8 недели“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
Тој нагласи дека тој сој покажува мутации кои „овозможуваат полесно да се закачи за човечките клетки и може да зарази дури и претходно заразени или вакцинирани луѓе“.
– Повеќе од 7 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Европа во првата недела од новата година, изјави Клуге. Тој додаде дека Омикрон брзо стана доминантен сој во Западна Европа и „сега се шири на Балканот“.
– Стапките на смртност остануваат стабилни и остануваат највисоки во земјите со висок морбидитет од Ковид во комбинација со пониски стапки на вакцинација, рече генералниот директор на СЗО за Европа.