Во изминатите 24 часа во Израел регистрирани се рекордни 37.887 новозаболени лица со Ковид-19, објави израелското Министерство за здравство.

Високиот број на заразени пред сè се должи на сојот Омикрон.

Во споредба со вчера, бројот на тешки случаи е зголемен за 25 лица и изнесува 247 луѓе. За еден ден има два смртни случаи, со што вкупната бројка на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 8.271.

Професорот Еран Сегал од Институтот Вајцман изјави дека според неговите процени вистинскиот број на новозаболени изминатите денови е околу 100.000 дневно и оти повеќето случаи се неоткриени поради ограничените опции за тестирање, како и тестирањето со ПЦР само ризични групи.