Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара да се одржи самит Киев, Москва, Париз и Берлин, во нормандиски формат за да се стави крај на судирот со проруските сепаратисти во источна Украина.
– Време е да се најде договор за прекин на конфликтот и ние сме подготвени на неопходни одлуки на новиот самит на четирите страни, истакна Зеленски, без да прецизира за какви одлуки станува збор.
Украина повеќе пати апелираше да се одржи самит во нормандиски формат, но Москва одбиваше, при тоа обвинувајќи го Киев дека не го спроведува мировниот договор од Минск од 2015 година.
Нормандискиот формат е воспоставен во 2014 година, кога на маргините на одбележувањето на годишнината на сојузничкото истоварување во Нормандија за време на Втора светска војна, за украинското прашање разговараа тогашната германска канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина