Претседателството на опозициската Демократска партија, трајно го исклучи од редовите на партијата, досегашниот историски лидер Сали Бериша, кого претходно го исклучи од сите партиски структури.
-Раководството на ДП му го одзеде правото на поранешниот лидер на Демократската партија, Сали Бериша, да биде обичен член на партијата. На маратонска седница на претседателството, беше донесена одлука за исклучување и на членовите на Комисијата за обнова на патијата, кои се на страната на Бериша, пренесува Топ чанел.
Меѓу исклучените од партијата се и Бујар Нишани, поранешен шеф на државата, Фламур Нока, екс министер за внатрешни работи, како и шест други членови на партиските високи органи. Од партијата се исклучени и 20 актуелни пратеници.
Случувањата во партијата доаѓаат три дена по протестот што го организираше Бериша, кога неговите поддржувачи се собраа пред партиското седиште, кој заврши со физички пресметки.
Објектот беше оштетен откако демонстрантите се обидоа да ги отворат вратите и прозорците и да го ослободат, како што велат, од канџите на Баша, штабот што им припаѓа на сите демократи. Поради тензичната ситуација интервенираше полицијата со солзавец и водени топови.
Демократската партија во последните месеци се соочи со внатрешно-политичка битка меѓу лидерот на демократите Љуљзим Баша и неговите поддржувачи, а од друга страна Сали Бериша и неговите поддржувачи, откако по барање на американската амбасадорка Јури Ким, Баша го исклч од пратеничката група, поради прогасувањето на Бериша за перснона нон грата од страна на САД.
Бериша го свика Националното собрание на партијата на 8 декември, а потоа се одржа референдум во земјата, каде демократите гласаа за смена на Баша и беше формирана привремената комисија за обнова на партијата. Сите овие движења на Бериша, раководството на партијата и Баша ги сметаат за нелегитимни.