Tериторијалната професионална противпожарна единица на Струмица лани имала 740 интервенции што е најмногу во споредба со изминатите пет години.

Лани пожарникарите гаснеле 27 запалени објекти, од кои најголем беше тој на ТЦ „Глобал". Интервенирале на 299 пожари на отворено и 201 останати пожари, како и 213 технички интервенции.

Преклани имале 498 интервенции и гаснења на пожари, во 2019 година-513, во 2018 година-511 и во 2017 година-542.

Струмичките пожарникари најмногу работа имале во летните месеци, иако во останатиот период од годината значителен е бројот на интервенции.

Лани е забележан и најголем број на пожари на отворено во изминатите пет години-299.