Русија „нема право на глас“ кога станува збор за евентуално пристапување на Украина во НАТО, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, осврнувајќи се на барањето на Москва НАТО да гарантира дека нема да се прошири кон исток.
– Русија нема право на глас кога станува збор за пристапувањето на Украина во НАТО. Западот нема да се согласи да и даде на Русија „правни гаранции“ дека Алијансата нема да се прошири на исток бидејќи тоа би бил нејзин стратешки неуспех, истакна Кулеба за РБЦ-Украина пред состанокот НАТО-Русија во Брисел.
Тој ја обвини Русија дека иницирала преговори за „максимизирање на улогите, истакнувајќи ги барањата кои се неприфатливи од самиот почеток“.
Обвинета за подготовка на напад врз Украина, Москва одговара дека распоредила големи воени сили во близина на украинската граница поради зголеменото и непријателско присуство на НАТО во областите кои Москва ги смета за руски зони на влијание.
Американците и Европејците се подготвени да разговараат со Русите за да се најде решение за излез од тензичната ситуација и да се избегне нов вооружен конфликт.
– За Украина, какви било разговори за „безбедносните гаранции во евроатлантскиот простор мора да започнат со руската деескалација на безбедносната ситуација во близина на украинската граница, нагласи Кулеба.