Советот на Општина Битола ја утврди програмата за развој на модерен и атрактивен локален туризам.
Во програмата се наведува, Битола и Пелистер, со своите културно – историски знаменитости, но и со збогатување на понудата, да прераснaт во препознатлива точка на туристичката мапа во државата, на Балканот, во Европа, па и во светот.
-Целта е зголемување на учеството на туризмот во локалниот буџет, како и зголемување на бројот на вработени во секторот туризам, со што би се намалила невработеноста и би се зголемил животниот стандард на битолчани. Во текот на годината ќе биде преирана туристичка апликација Е-МААП, ќе биде донесена посебна програма за развој на планинскиот туризам, ќе бидат поставени туристички инфо-табли за градот и потпелистерските села, а во наредниот период на повеќето манифестации штандовите ќе бидат со дрвени куќарки, посочуваат од локалнаta самоуправа.
За реализација на програмата за туризам во Општина Битола се издвоени еден милион денари од локалниот буџет.