Топлотен бран ја зафати Аргентина, стотици илјади луѓе во Буенос Аирес останаа без струја поради дефект на мрежата.
Главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, вчера беше погоден од голем недостиг на електрична енергија, поради што илјадници домаќинства останаа без струја поради топлотните бранови и температурите кои се искачија над 40 степени Целзиусови, меѓу највисоките во светот.
Дистрибутерите на електрична енергија Edenor и Edesur соопштија за исклучена струја поради високите температури што предизвикуваат зголемување на побарувачката на енергија за ладење домови и канцеларии.
Националната регулаторна управа за електрична енергија (ENRE) соопшти дека прекинот на струја погодил 700.000 луѓе во областа Буенос Аирес.
AySA, која го снабдува Буенос Аирес со вода, побара од жителите да ја оптимизираат употребата на водата бидејќи прекинот на електричната енергија влијаеше и на нивниот систем за прочистување. Високите температури се очекува да продолжат во текот на целата недела со пикови блиску до 40 Целзиусови степени, соопшти Националната метеоролошка служба (СМН). „СМН издаде предупредување во очекување на екстремен топлотен бран оваа недела, со температури кои би можеле да достигнат 41 степен Целзиусов во областа на концесијата", наведоа од Едесур во е-пораки до своите клиенти. „Работиме на зајакнување на нашата мрежа поради зголемената побарувачка".