Француската конзервативна десничарска претседателска кандидатка Валери Пекрес ќе добие еднаков број гласови со претседателот Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата Елаб.

Според анкетата изработена за Телевизијата БеФМ и магазинот Експерес, за Макрон во првиот круг ќе гласаат 23 отсто, а за Пекрес и за кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен би гласале повеќе од 17 проценти од граѓаните.

Според анкетата доколку Пекрес успее да стигне до вториот круг, таа ќе има изедначен резултат со Макрон и двајцата ќе добијат 50 отсто од гласовите.