Шведска ќе им помогне на оние домаќинства кои се најтешко погодени од поскапувањето на струјата, изјави денеска министерот за финансии Микаел Дамберг.
Тој прецизира дека Владата издвоила помош од шест милијарди круни (584 милиони евра). Владата ќе ги покрива трошоците за струја за погодените домаќинства три месеци, почнувајќи од декември, со најмногу 2.000 круни месечно по домаќинство.
Тие додаваат дека со издвоената сума ќе бидат покриени трошоците на околу 1,8 милиони домаќинства.
– Ова се итни мерки за вонредна состојба, рече Дамберг. Цените на струјата во Шведска пораснаа во последните месеци, особено на југот, иако пониско отколку во многу други делови на Европа. Шведска произведува електрична енергија главно во домашни хидроелектрани, нуклеарните реактори и ветерниците, а гас се вади од домашни бушотини, но цените се диктирани од меѓународните пазари, што значи дека зголемувањето на цените влијае и на шведските потрошувачи.