Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган в понеделник ќе престојува во официјална посета на Албанија.

Според извори за Ора њуз, Ердоган ќе биде примен со сите државнички почести од премиерот Еди Рама, а ќе продолжи со средбите со претседателот Илир Мета и со претседателката на парламентот Линдита Никола.

-Повод за посетата на претседателот Ердоган е инаугурацијата на новоизградениот станбениот блок во градот Лач, финансиран од турската држава, кој беше разурнат во катастрофалниот земјотресот од 26 ноември 2019 година. Во неговата агенда се и други средби и инаугурации на џамии во Албанија, наведув телевизијата.

Предвидено е негово обраќање пред народните избраници на седницата закажана за 17 часот, со што ќе биде отворена парламентарната сесија за годинава.