САД најавија зголемување на бројот на тестовите за Ковид-19 за училиштата во обид да ги задржат учениците во училница, бидејќи напливот на инфекции се заканува да го врати учењето од далечина.
Околу четири проценти од училиштата во САД веќе се затворени, бидејќи варијантата омикрон се шири низ целата земја, заразувајќи ги учениците и воспитувачите и принудувајќи ги синдикатите на наставниците да преземат повнимателен пристап за да се спречи трансмисијата.
Одлуката на синдикатите да му дадат приоритет на здравјето на наставниците ги доведе во расправија со локалните власти, бидејќи семејствата и експертите остануваат растргнати за виртуелното образование кога вакцини се широко достапни за сите на возраст од пет и повеќе години.
Претседателот Џо Бајден вети дополнителни 10 милиони тестови месечно за училиштата во САД.
„Овие дополнителни тестови ќе им помогнат на училиштата безбедно да останат отворени", соопшти Белата куќа.
„Знаеме како да ги задржиме учениците и персоналот безбедни во училиштата – вклучително и преку вакцинација и засилени дози, носење маска во затворен простор, одржување на физичко растојание, подобрување на вентилацијата и тетсови за Ковид-19.
Дополнителните комплети ќе го удвојат бројот на тестирања што се одржаа во училиштата во ноември 2021 година, додаде Белата куќа.
Владата, исто така, ќе распореди „единици за тестирање" во близина на училишните терени за да ги поддржи учениците и персоналот со создавање специфични часови за нивно проверување и обезбедување поголем дел од ресурсите за овие заедници.