Приврзаниците на партијата „Преродба“ кои денеска излегоа на протести пред бугарскиот Партламент предмалку повторно почнаа да ги влечат металните огради и сакаат да минат низ неговиот заден влез, но претставниците на полицијата направија уште погуст кордон и ја задржаа толпата, јави БГНЕС.
Претходно, демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата и притоа стигнаа до главниот влез, каде што удираа по прозорците од влезната врата. Полицијата ја запре толпата и ја истурка назад.
Органите на редот одвреме навреме ги туркаат поагресивни демонстранти и ги отстрануваат од демонстрациите.
Во туркањата што претходеа четворица полицајци се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување натамошна лекарска помош.