Италија ќе му организира државен погреб на претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли, соопшти денеска владата, еден ден по неговата смрт на 65-годишна возраст, јави ДПА.

Зелено светло за државен погреб денеска даде италијанската Влада, на предлог на премиерот, Марио Драги.

Погребната служба треба да се одржи во петок во базиликата Санта Марија дегли Ангели е деи Мартири во Рим.

На погребот се очекува да присуствуваат претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додава ДПА.