Сојузот на еколошките организации на Србија и Движењето за еколошко востание одржаа протест пред зградата на српската Влада на кој официјално поднесоа барања за укинување на уредбата за реализација на проектот „Јадар“ и јавно објавување на сите потпишани документи со компанијата Рио Тинто, јави дописникот на МИА од Белград.
Еколошките активисти собрани пред зградата на Владата во центарот на Белград во разговорот со новинарите изразија незадоволство бидејќи премиерката Ана Брнабиќ не може да ги прими и најавија дека ќе продолжат со протестите во сабота.
За сабота на 15 јануари е најавена блокада на повеќе автопати и на еден граничен премин.