Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по долго најавуваната „жешка“ средба на Советот НАТО-Русија, прва по две години, изјави дека двете страни не ги затворија празнините во нивните позиции за украинската криза, јави ДПА.

Столтенберг, исто така, кажа дека Русија не е подготвена веднаш да се обврзе на нови состаноци со НАТО, но е отворена за натамошен дијалог.

-ТИЕ ДЕНЕСКА ЈАСНО КАЖАА ДЕКА НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ. ТИЕ НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДЕНЕСКА ДА ДОГОВОРАТ ТАКОВ РАСПОРЕД НА СОСТАНОЦИ, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ, НО ЈА ПОЗДРАВИ ПОДГОТВЕНОСТА НА КРЕМЉ ДА СЕ ПОВРЗЕ СО НАТО.

„Но, барем јас го поздравувам тоа што постои општа волја и поддршка на идејата за дијалог“, додаде Столтенберг.

Според него, нема да биде лесно да се премостат разликите меѓу Русија и НАТО околу Украина.

-ПОСТОЈАТ ЗНАЧАЈНИ РАЗЛИКИ МЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ НА НАТО И РУСИЈА. НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО ДА ГИ ПРЕМОСТИМЕ НАШИТЕ РАЗЛИКИ, НО ТОА Е ПОЗИТИВЕН ЗНАК ДЕКА СИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА НАТО И РУСИЈА СЕДНАА НА ИСТА МАСА И СЕ АНГАЖИРАА ЗА КЛУЧНИТЕ ПРАШАЊА, ИЗЈАВИ СТОЛТЕНБЕРГ.

Според извештаите на медиумите, Столтенберг коментирал дека постои „реален ризик“ од избувнување на нов конфликт во Европа поради тензиите меѓу Русија и Северноатлантската алијанса.

Во Брисел по четири часа заврши состанокот на Советот НАТО-Русија, јави претходно Тасс. На првиот состанок на Советот во последните две години, руската делегација ја предводеа заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко, кој пет години беше постојан претставник на Русија во НАТО и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Алијансата на разговорите ја претставуваа постојаните претставници на 30 земји-членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, и заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман.