Двајца израелски војници синоќа се убиени од „пријателски оган", додека патролирале во близина на воена база во долината Јордан, соопшти израелската војска.

Како што беше соопштено утринава, војниците биле „погрешно идентификувани, а нивните соборци по грешка ги убиле".

Војската соопшти дека околностите се истражуваат и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Жртвите не се идентификувани, ниту се објавени други детали.