Германски суд во Кобленц осуди поранешен сириски полковник за злосторства против човештвото и му изрече доживотна казна затвор. Ова, според обвинителите, е првото судење од ваков вид во светот, јави ДПА.

Обвинетиот, именуван само како Анвар Р., беше суден во Германија според принципот на универзална јурисдикција, што овозможува гонење за можни воени злосторства, извршени од странци во други држави.

Анвар Р. е обвинет за злосторства против човештвото во 2011 и 2012, раните фази на сириската граѓанска војна.

Судењето започна во април 2020 година, со две лица на обвинителната клупа. Во февруари 2021 година, едното лице беше осудено на затворска казна од четири ипол години, поради помагање и поттикнување на злосторство против човештвото.