Училиштата, универзитетите и многу продавници во Либан денеска беа затворени, бидејќи штрајкот на вработените во јавниот транспорт и синдикатите ја парализираа оваа медитеранска земја, која вече две-три години се соочува со најсериозна економска криза.

Демонстрантите пет часа ги затворија главните автопати низ земјата и патиштата во градовите во знак на протест по сериозното поскапување на горивата, откако владата ги укина субвенциите.

Таксистите и камионџиите со своите возила ги блокираа патиштата, а во главниот град Бејрут, многу улици се блокирани од големи контејнери за смет и од автомобили.

Протестот ширум целата земја е одбележан како „ден на гневот“ и беше планирано да трае 12 часа, но во раните попладневни часови тој стивна, бидејќи веќе немаше многу демонстранти.

Штрајкот избувна во време кога вредноста на либанската фунта продолжува да паѓа во однос на доларот, а околу 80 отсто од Либанците живеат во сиромаштија. Националната валута во последните две години загуби повеќе од 90 отсто од својата вредност, а полн резервоар бензин сега чини повеќе од минималната месечна плата.

Владејачката класа не покажа волја за спроведување на реформите и не направи речиси ништо за да ја извлече земјата од кризата, вкоренета во децениксите корупции и лошо управување.

Хјуман рајтс воч, во денеска објавениот Светскиот извештај за 2022 година, оценува дека „корумпираните и неспособни либански власти намерно ја турнаа земјата во една од најлошите економски кризи во модерното време, демонстрирајќи непочитување на правата на населението“.