Усвојувањето на американски санкции против рускиот претседател Владимир Путин во случај на агресија врз Украина би ја „минале границата“, соопшти денеска Кремљ.
– Санкциите против шефот на државата се мерки кои би ја преминале границата, би биле еднакви на прекин на односите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков изјави дека предлогот на американските демократски сенатори „не го олеснува воспоставувањето на конструктивна атмосфера за преговорите меѓу Русија и Западот“.
Американските сенатори вчера изнесоа предлог за санкции кои ќе го казнат Путин и со кои ќе се обезбеди финансиска помош на Киев во случај на руска инвазија на Украина.