Строгите пандемскии мерки во Холандија ќе бидат ублажени во сабота и покрај ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот, објавија медиумите.
Продавниците, фризерите и теретаните ќе бидат отворени за ограничен број луѓе, објавија телевизиите НОС и РТЛ, повикувајќи се на владини извори.
Студентите исто така ќе се вратат на факултетите. Но, баровите, рестораните, театрите и другите јавни места остануваат затворени. Владата утре треба да донесе одлука за тоа, јавуваат медиумите.
Јавните места, освен продавниците за храна, се затворени од средината на декември кога болниците се бореа со голем број заразени.