Голем број училишта во Русија денеска добија закани за бомби, а стотици беа евакуирани само во сибирскиот град Краснојарск, јави московското радио „Ехо“.
По заканите кои пристигнаа по електронска пошта, наставата беше прекината и во други градови како Самара и Ставропол.
Стотици училишта се евакуирани низ целата земја, јави радиото.
Според извештаите, во претресите не било пронајдено ништо сомнително.
Властите во последниве години поради слични ситуации распоредуваа повеќе полицајци. Покрај училиштата, мета беа и судовите и трговските центри.
Надлежните не го знаат мотивот за последниот случај.