Летонија, Литванија и Полска и натаму користат сомнителни методи за да ги спречат мигрантите да влезат од Белорусија и да им го оневозможат пристапот до хуманитарните групи кои сакаат да им помогнат на луѓето заглавени во пограничните области, соопштија денеска претставници на ЕУ и на Агенција за бегалци на ОН (УНХЦР).

Околу 8.000 баратели на азил, од кои многумина од Ирак, минатата година влегоа во Латвија, Литванија и Полска. Илјадници други останаа блокирани долж границата со Белорусија кога дојде зимата, а некои дури и починаа. Во последно време, меѓутоа, значително е намален бројот на обиди за преминување на границата.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, на европратениците им соопшти дека дури и во опасната и тешка ситуација на трите членки на ЕУ, тие мора да имаат закони со кои се забранува присилно враќање на мигрантите преку меѓународната граница, со што им се ускратува правото да аплицираат за азил.

Според меѓународните договори за бегалците и правото на ЕУ, таквиот третман на барателите на азил е незаконски.

Јохансон не кажа зошто Европската комисија не презема ништо против државите кои не се придржуваат до тие правила.

Таа изјави дека тензиите на границата се значително намалени, дека ЕУ помогнала да се вратат од Белорусија околу 5.000 мигранти во нивните земји на потекло, но и дека има повеќе луѓе заглавени во шумите во пограничните области.

Софи Магенис, директорка на Правниот оддел на УНХЦР за прашања со ЕУ, изјави дека присилното враќање на барателите на азил и другите прекршувања на човековите права продолжуваат на границата меѓу ЕУ и Белорусија.

Таа кажа дека УНХЦР и другите хуманитарни групи сè уште не можат да пристапат до областите на европската страна на белоруската граница за да им помогнат на луѓето што се таму.

-Ова се случува и покрај повеќекратните барања за обезбедување пристап. Мора да се измени и да се овозможи пристап, рече таа.

Литванија и Полска воведоа вонредна состојба на границата со Белорусија и ги изменија законите за азил за да го отежнат престојот во земјата на луѓето кои успеале да влезат